Skip to content

Рокот за учество на вториот креативен бизнис куп Северна Македонија 2022 е продолжен до 22 мај

Креативци и креативки – Датумот за поднесување апликации за учество на „Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“ е продолжен до 22.05.2022 – недела 🤩

Учеството на „Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“ ви нуди можност да:

👉 ја презентирате вашата идеја пред експертско жири и домашната публика и да добиете корисни совети за вашиот бизнис;

👉 се запознаете и вмрежите со други бизниси и експерти;

👉 бидете еден од трите национални победници;

👉 се претставите на глобалното финале во Копенхаген како национален победник;

👉 станете дел од „Креативната Бизнис Мрежа“ (Creative Business Network – CBN) и да ги искористите можностите кои ги нуди таа – можности за финасирање, тренинзи, обуки, партнери и сл., кои дополнително ќе придонесат за развојот на вашиот стартап.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овогодинешниот „Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2022“, а вашата апликација поднесете ја преку следниот линк – https://cutt.ly/dHvpG9K најдоцна до 22 мај (недела).

en_USEnglish