Skip to content

About us

UMPACI

About us

УМПАКИ е Унија на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии. Членови на Унијата можe да бидат репрезентативни професионални организации од областа на креативните индустрии и при тоа да ги исполнуваат критериумите утврдени во посебниот Правилник за членување и членарини. Сметаме дека е многу важно да се грижиме за креативните индустрии, бидејќи креативната економија расте побрзо од кој било друг економски сектор и ние треба да останеме во чекор со бескрајната побарувачка на иновации и сложена креативна работа која притоа е тешко да се автоматизира.

Културниот и креативен сектор е важен за обезбедување на континуиран развој на општеството и се наоѓа во срцето на креативната економија. Интензивното знаење засновано врз индивидуалната креативност и талент генерира значително економско богатство; а уште поважно, тоа е клучно за заедничкото чувство за европски идентитет, култура и вредности. Иновацијата дејствува како катализатор особено за младите и ја зајакнува социјалната кохезија. Со самото тоа се создаваат промени и во другите сектори и се стимулира изумот и напредокот во разновидниот културен пејзаж во Европа. Со појавата на креативните деловни модели, културните и креативни сектори сé повеќе стануваат одлучувачка компонента на скоро секој производ и услуга.
en_USEnglish