Skip to content

Задоволни лица на децата кои ја посетија работилницата за правилно управување на отпад во кинотека

Одлично си поминавме на работилницата во Скопје која се одржа во дворот на Кинотеката на Северна Македонија. Освен проекцијата на филмот за деца „Патешествието на принцот“, на најмладите од основните училишта ,,Лазо Трповски” и ,,Христијан Тодоровски – Капрош” им беше презентирана еко-иновацијата мобилна станица за селектирање отпад со што тие визуелно и практично научија зошто е важно правилното управување на отпад во насока на заштита на животната средина.

Работилницата е дел од проектот ,,Видео игротека” во организација на УМПАКИ со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ.

mk_MKMacedonian