Николина Стојанова е координатор на програмата во CEED Hub Скопје и е одговорна за спроведување на проектни активности, комуникација со корисници на услуги, подготовка на материјали за работилници и обуки и комуникација со јавноста. Таа е и уредничка на веб-порталот womeninadria.mk, кој служи како алатка за поддршка и унапредување на женското претприемништво во земјата. Претходно, работела во Фондот за иновации и технолошки развој во одделението за односи со јавност и спроведување на проектни активности. По професија, таа е магистер по општа и компаративна литература и е овластен судски преведувач за англиски и француски јазик.
