Дипломирала на Историја на уметност со археологија, магистер по Политика на култура и менаџмент со магистерски труд на тема Креативни индустрии. Вработена во Министерството за култура на Република Северна Македонија. Професионалец во областа на современата визуелна уметност и уметничкa критика, менаџмент во културата и политика на културни индустрии и културно наследство, со 14 годишно работно искуство како вработена во државни институции на национално и локално ниво. Од 2018 година е номинирана како координатор за еднакви можности на мажот и жената во рамки на Министерството за култура. Член на работната група за мапирање на креативни индустрии во рамките на Министерството за култура. Работела како куратор на изложби и критики. Автор на пишани текстови и критики објавени од Музејот на современа уметност во Скопје, дневни трудови и списанија, каталози на изложби. Од 2007г. е член на македонската секција на AICA-International (Association Internationale des Critiques d’Art - AICA).
