Насочена кон културни и филмски настани, Лазаревска соработува со повеќе компании и фестивали во креирањето иновативни дистрибутивни стратегии, фестивалски програми, стратегии за односи со јавност, како и организација на поврзани збиднувања, настани и конференции. Лазаревска, која е дипломиран новинар, е и дописник од Македонија за филмскиот онлајн магазин Filmneweurope.com.