Ганчо Колаксазов, извршен директор на Институтот за трансфер на технологии и иновации, Бугарија

Колаксазов е основач и извршен директор на Институтот за трансфер на технологии и иновации. Две години бил заменик градоначалник на Пловдив. БИл одговорен за проекти финансирани од Европски фондови и програми како и за меѓународни односи. Повеќе од 14 години е менаџер и сопственик на консултантска компанија. Поради тоа, одблизу работи со различни ентитети – општини, граѓански организации, приватни компании итн.
Дипломирал на Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“ англиски јазик и политички науки и магистрирал дипломатија и меѓународни односи и менаџмент. Моментално е на докторски студии.