Експерт за проекти и предавач по Европско право. Таа дипломирала Меѓународно право на Државниот универзитет во Милано. Таа е магистер по планирање и развој на проекти на Бизнис школата за иновации, во Брисел. Нејзината работа е насочена кон предавање по Европско право. Во оваа насока, таа добро го владее целиот процес на патот на Албанија за статусот кандидат во ЕУ . Во областа на управување со проекти, таа има учествувано во учење на процесот од самиот почеток: градење на партнерството, креирање на концепт идеја и целиот проект: пишување и спроведување. Од септември 2015 година до септември 2019 година беше извршна директорка на Институтот за истражување и развој Барлети со одличен резултат. Таа е независен експерт за истражување и иновации на Европската комисија и активно вклучена во истражувачки, едукативни и иновативни проекти, на национално и меѓународно ниво, во соработка со водечки светски компании, универзитети и истражувачки центри. Во рамките на оваа тема, неодамна, таа е избрана од мисијата на ИОМ во Албанија како меѓународен консултант за развој на проекти. Од септември 2017 до декември 2018 година, работи з министерот за дијаспора, како советник и шеф на кабинет, како составен дел од формирањето на новите институции за членовите на дијаспората. Таа беше крратор и пишувач на проектот „Ангажирање на албанската дијаспора во социјалниот и економскиот развој на Албанија“, осигурувајќи успех на предлог проектот. Од септември 2019 година таа го води Адриапол Институтот - Паметен и креативен раст.