Дијана има повеќе од 12 години професионално искуство во рамки на програми финансирани од ЕУ, меѓународни и национални фондови. Повеќе од 7 години работно искуство во државната администрација (две национални агенции) вклучена во ЕУ и национални финансирани програми за евалуација, известување и мониторинг, како експерт, виш експерт, шеф на оддел. Дијана има експертиза како надворешен проценувач на различни проекти на ЕУ и национално ниво. Во приватниот сектор има работено како консултант и проектен менаџер за општини, институции, приватни компании, невладини организации и различни партнери во ЕУ, меѓународни и национални финансирани програми.