Ника Гавровска - издавачка куќа и кафе-книжарница „Гаврош“

Ника е основач на издавачка куќа Гаврош. Гаврош мала независна издавачка куќа чија примарна дејност е посветена на илустрирана детска литература. Мисијата на Гавроше е да објавува странски автори преведени на македонски јазик, како и да промовира квалитетни македонски креативци со цел да се зајакне локалниот пазар, да се инспирираат нови автори и да се промовираат стандарди.По завршување на пост дипломските студии и работното искуство во Советот на Европа во Грац Австрија, Ника решава да се врати во својата земја и да започне сопствен бизнис, бидејќи, како што таа кажува: има многу работи кои треба да се направат. Ника е авторка на илустрираната книга Бел, а ја работи и нејзината нова книга Приказната за ветерот.