Skip to content

Патувачки работилници во Свети Николе и Делчево

  • by

На 8ми јуни, во рамките на проектот Видео игротека, во Дом на култура Св.Николе се одржа работилница за деца за дизајн на видео игри и основи за креирање видео игри. Работилницата беше наменета за деца од 7мо до 9то одделение, со цел децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин.

Работилницата беше под менторство на Милан Петровски кој работи во гејминг индустријата од 17 години. Започнува како 3Д артист и по кратко време прави транзиција во девелопер. Негова специјалност е 3D Environment Artist, Анимации, Gameplay Програмирање, AI и исто така работи на тренинзи и симулации во виртуелна реалност за обука на стручен кадар.

На 9ти јуни, пак, во соработка со Здружението „Го Грин“ се одржa предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпад. Истиот ден се одржа и работилница за деца, за дизајн на видео игри и основи за креирање видео игри под менторство на Милан Петровски кој долго време работи во гејминг индустријата.

Настаните се дел од проектот „Видеоигротека“, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ.

mk_MKMacedonian