Skip to content

Осум финалисти на „Креативниот бизнис куп“

  • by

На Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) денеска напладне ќе се одржи „Креативниот бизнис куп Северна Македонија 2022“. Осум финалисти од различни креативни индустрии ќе ги претстават своите производи/услуги што нудат иновативни решенија за потребите на националниот, но и на меѓународниот и глобалниот пазар.

„Креативниот бизнис куп Северна Македонија 2022“ го организираат СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ).

mk_MKMacedonian