За нас
УМПАКИ е Унија на македонски професионални асоцијации во креативните
индустрии. Членови на Унијата можe да бидат репрезентативни професионални
организации од областа на креативните индустрии и при тоа да ги исполнуваат
критериумите утврдени во посебниот Правилник за членување и членарини. Сметаме
дека е многу важно да се грижиме за креативните индустрии, бидејќи креативната
економија расте побрзо од кој било друг економски сектор и ние треба да останеме во
чекор со бескрајната побарувачка на иновации и сложена креативна работа која притоа е
тешко да се автоматизира.
Културниот и креативен сектор е важен за обезбедување на континуиран развој на општеството и се наоѓа во срцето на креативната економија. Интензивното знаење засновано врз индивидуалната креативност и талент генерира значително економско богатство; а уште поважно, тоа е клучно за заедничкото чувство за европски идентитет, култура и вредности. Иновацијата дејствува како катализатор особено за младите и ја зајакнува социјалната кохезија. Со самото тоа се создаваат промени и во другите сектори и се стимулира изумот и напредокот во разновидниот културен пејзаж во Европа. Со појавата на креативните деловни модели, културните и креативни сектори сé повеќе стануваат одлучувачка компонента на скоро секој производ и услуга.