Одлично си поминавме на работилницата во Скопје која се одржа во дворот на Кинотеката на Северна Македонија. Освен проекцијата на филмот за деца „Патешествието на принцот“, на најмладите од основните училишта ,,Лазо Трповски” и ,,Христијан Тодоровски – Капрош” им беше презентирана еко-иновацијата мобилна станица за селектирање отпад со што тие визуелно и практично научија зошто е важно правилното управување на отпад во насока на заштита на животната средина.
Работилницата е дел од проектот ,,Видео игротека” во организација на УМПАКИ со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ.