Skip to content

умпаки

УМПАКИ е Унија на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии. Членови на Унијата можe да бидат репрезентативни професионални организации од областа на креативните индустрии и при тоа да ги исполнуваат
критериумите утврдени во посебниот Правилник за членување и членарини. Сметаме дека е многу важно да се грижиме за креативните индустрии, бидејќи креативната економија расте побрзо од кој било друг економски сектор и ние треба да останеме во чекор со бескрајната побарувачка на иновации и сложена креативна работа која притоа е тешко да се автоматизира.

Културниот и креативен сектор е важен за обезбедување на континуиран развој на општеството и се наоѓа во срцето на креативната економија. Интензивното знаење засновано врз индивидуалната креативност и талент генерира значително економско
богатство; а уште поважно, тоа е клучно за заедничкото чувство за европски идентитет, култура и вредности. Иновацијата дејствува како катализатор особено за младите и ја зајакнува социјалната кохезија. Со самото тоа се создаваат промени и во другите сектори и се стимулира изумот и напредокот во разновидниот културен пејзаж во Европа.
Со појавата на креативните деловни модели,  културните и креативни сектори сé повеќе стануваат одлучувачка компонента на скоро секој производ и услуга.

што правиме

ДЕФИНИЦИЈА

,,Оние индустрии кои потекнуваат од индивидуална креативност, вештина и талент и имаат потенцијал за богатство и создавање работни места преку создавање и експлоатација на интелектуална сопственост.’’

КОИ СЕ КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

Музеи, библиотеки и галерии; маркетинг и рекламирање; дизајн на производи, моден дизајн и графички; архитектура; занаети; ТВ, видео, фотографија, филм и радио; издаваштво; софтвер и компјутерски услуги; музика, перформанси и визуелни уметности.

ПОЗНАТИ СЕ УШТЕ И КАКО:

Креативни и културни индустрии, креативни дигитални индустрии, креативна економија или т.н Портокалова економија.

САКАШ ДА СОРАБОТУВАШ СО НАС?

Поврзани документи



Деловен извештај

Финансиски извештај

ЦЕЛИ НА УНИЈАТА

Целите на унијата се пред сé унапредување, развој, поттикнување, зачувување и негување на културата и културното наследство, преку учество и организирање на најразлични активности. Нашата идеја е овозможување поддршка на сите правни лица и организации кои припаѓаат на креативните уметнички и забавни дејности и индустрии. Со самата поддршка би се оспособиле специјалисти од разни области кои припаѓаат на креативните, уметничките и забавните дејности и индустрии. Дополнително би се генерирале нови работни места во кративниот сектор и со тоа би се подобрила генералната економска слика на државата.
Дејностите би биле во насока на организација на манифестации, изложби, саеми, фестивали, конгреси, форуми, конференции и симпозиуми во областите во кои дејствуваат организациите и организација или помош при организација на овие настани. Исто така голем дел од нашите цели би биле поврзани со органзирање национални и интернационални конференции, промоција на истражувачки проекти, објава на книги со научна и едукативна содржина, промоции на едукативни проекти, активности во насока на дизајн и микропродукција, како и создавање и обука на кадри од сите области на професионалните организации кои се членки на унијата.

ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА!

Ако вие и вашата организација/компанија сте инволвирани во креативните ументички индустрии  и се стремите да го развиете својот бизнис, слободно пишете ни!

UMPACI

Соработници и поддржувачи:

mk_MKMacedonian